ПОВЕЌЕ

    НЕПОТРОШЕНИТЕ ПАРИ ЌЕ ОДАТ КАЈ ШТО СЕ ПОТРЕБНИ – Повторно прераспределба на Буџетот

    Време зa читање: 2 минути

    Претстои нова распределба на буџетските пари, која ќе се реализира до средината на идниот месец, најави вицепремиерот Фатмир Битиќи, појаснувајќи дека се работи за стандардна операција што секогаш се прави на крај од годината.

    „Се прави финалната прераспределба за да се максимизира ефикасноста на Буџетот, односно трошењето на Буџетот. Таа се прави отприлика накај 15 декември, стандардна операција што ја имаме секоја година“, вели вицепремиерот, додавајќи – „гледаме каде реално ќе имаме ниво на трошење, подобро или полошо, и од таму се крати“.

    Притоа, според него, се гледа секоја буџетска ставка – дали е можно до 31 декември да се потроши до посакуваното стопроцентно ниво, а ако не – се кратат дополнителните средства за да се прераспределат таму каде што навистина има потеба. Оттаму, нема одредени буџетски ставки кои се таргетираат, посочи Битиќи.

    Како пример ја наведе буџетската ставка што ја менаџира за поддршка на приватниот сектор.

    „Веќе имаме претстава дека ни недостигаат одредени средства кои ќе ги земеме од таму каде што не стигнале одредени институции да ги спроведат за да се исплати 100 отсто субвенционирање на инвестициите направени претходната година.

    Таа е операцијата што ќе ја направиме до 15 декември“, рече Битиќи.

    Неодамна беше усвоена одлуката за прераспределба на годинешниот Буџет, со која се обезбедија пари за зголемените плати во јавната администрација и за К-15, за повисоки пензии, за социјална помош, за лекови, за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, за деветтиот пакет антикризни мерки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично