ПОВЕЌЕ

    ПОВРАТОТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ВО ВТОРОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД МОЈДДВ ВО ИЗНОС ОД 3.791.000 ЕУР

    Време зa читање: 2 минути

    Управата за јавни приходи известува дека денеска 31.12.2019 се заокружува второто тримесечје од МојДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

    Ве информираме дека од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14,301,474,854 денари, вкупениот ДДВ изнесува 1,554,510,671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.


    Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.


    Притоа, информираме дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144,601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155,244,780.00 денари.

    За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираме дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период.

    Воедно апелираме корисниците кои не внеле трансакциска сметка, тоа да го направат, по што ќе следува исплатата на повратот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично