За корисници на МојДДВ достапна е новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery, информираат од Управата за јавни приходи и посочуваат дека измените се веќе видливи во верзијата 2.1.6. Овој чекор уследи по зголемувањето на лимитот за поврат во едно тримесечие.
Тоа значи дека сите граѓани кои ги скенираат фискалните сметки, исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари ќе ги добијат во мај.
Во моментов, информираат од УЈП, апликацијата МојДДВ ја користат 523.673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте.
Од почетокот на овој проект во 2019 година, па до денес, кај граѓаните се вратени речиси шест милијарди денари, или 97,7 милиони евра.