ПОВЕЌЕ

    По 1.500 евра за членовите на НО на скопската Централна кооперативна банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Централна кооперативна банка опредли износ од по 1.500 евра за ангажманот на членовите на Надзорниот одбор, кои ќе се исплаќаат во денарска противвредност.

    Одлуката за надомест за учество во работата на НО е донесена на вонредно Собрание на акционери.

    На седницата е именуван и нов член на НО, Јонко Петров, чиј четиригодишен мандат ќе почне откако ќе добие одобрение од гувернерот на НБРСМ и ќе биде впишан во Централниот регистрод четири години.

    Инаку, сега НО го сочинуваат: Тихомир Ангелов Атанасов, претседател, Георги Димитров Константинов, заменик претседател, Христо Георгиев Христов, член, како и двајцата независни членови Светослав Мичев и Љубен Нанов.

    Скопската ЦКБ, која опстојува од 2008 година, е во сопственост на софиската истоимена банка, која го има мнозинскиот пакет акции.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично