ПОВЕЌЕ

    Питер Тиел: Кина може да користи биткоин како „финансиско оружје“ против САД

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во коментарите во вторникот за време на виртуелниот настан за фондацијата Ричард Никсон, ко-основачот на PayPal рече дека биткоинот „им се заканува на фиат парите, но особено му се заканува на американскиот долар“.

    „И покрај тоа што сум про-крипто, се прашувам дали во овој момент, биткоинот, исто така, треба да се смета како кинеско финансиско оружје против САД“ изјави Питер Тиел.

    Кина неодамна започна свој блокчејн, дигитална верзија на својата валута, јуанот, но Тиел го отфрли тој потег. „Тоа не е вистинска крипто валута, тоа е само некаков тоталитарен уред за мерење“, рече тој.

    Биткоин во средата беше над 56.000 долари и повторно се приближува до својата рекордно висока цена од 60.738 долари, според Coindesk. Цената на биткоинот е во пораст од 95% од годинава до денес, и порасна за неверојатни 674% во последните 12 месеци.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично