ПОВЕЌЕ

    Плаќање на придонеси во задолжителни пензиски фондови

    Време зa читање: 2 минути

    Уплатата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување ја врши должникот за плаќање на придонес, односно работодавецот, во име на вработениот. Управата за јавни приходи врши интегрирана наплата на придонесите од задолжително социјално осигурување (придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување и придонес за вработување во случај на невработеност) и персонален данок на доход.

    За осигурениците кои се вклучени во системот со два столба, Фондот на ПИОСМ врши распределба на уплатениот придонес меѓу првиот и вториот столб. Висината на придонесот, кој се пренесува во задолжителен пензиски фонд, изнесува 6% од бруто – платата, а во Фондот на ПИОСМ останува придонес во висина која се добива како разлика меѓу вкупниот придонес за пензиско и инвалидско осигурување и придонесот уплатен во задолжителниот пензиски фонд.

    Стапки на придонеси во втор столб од почетокот на системот

    Период Стапка на вкупен придонес за пензиско и инвалдиско осигурување Стапка на придонес уплатен во Фондот на ПИОСМ Стапка на придонес уплатен во задолжителниот пензиски фонд
    од 1.1.2006 г. до 31.12.2008г. 21,20% 13,78% 7,42%
    од 1.1.2009 г. до 31.12.2009 г. 19,00% 12,35% 6,65%
    од 1.1.2010 г. до 31.07.2012 г. 18,00% 11,70% 6,30%
    од 1.8.2012 г. до 31.12.2018 г. 18,00% 12,00% 6,00%
    од 1.1.2019 г. 18,40% 12,40% 6,00%
    од 1.1.2020 г. 18,80% 12,80% 6,00%
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично