ПОВЕЌЕ

    ПЕНЗИИТЕ ЌЕ ПОРАСНАТ ЗА 8,4 ПРОЦЕНТИ, сега просекот на пензиите е 19.150 денари

    Време зa читање: 2 минути

    За 8,4 проценти ќе бидат повисоки пензиите што за овој месец ќе ги добијат пензионерите. Притоа, просечната пензија ќе изнесува 19.150, наместо досегашните 17.666 денари. Пресметките се направени врз база на забележаниот раст на платите за 6,1 и на трошоците за живот за 10.6 насто. Придвижувањето е согласно новата методологија за усогласување на пензиите усвоена пред една година, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

    Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето на пензиите се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, посочуваат од МТСП. Или, секое зголемување на просечната плата претставува континуиран стимул за корекции по нагорна линија кај пензиите. Усогласувањето се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во државата, исто така во висина од 50 проценти.

    Усогласувањето на пензиите се врши два пати годишно, на први март и на први септември.

    Инаку, во јануари, според податоците на ресорното Министерство, во државата имало 329.354 пензионери. Најбројни меѓу нив се корисниците на старосна пензија – 227.086, на семејна пензија 74.399, а на инвалидска пензија близу 27.869.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично