ПОВЕЌЕ

    ПЕНЗИИТЕ ПОРАСНАА НО КОРОНАТА ГИ ПОКОСИ ПЕНЗИОНЕРИТЕ: За три месеци исплатени 2,2 милиони евра од Солидарниот фонд

    Време зa читање: 3 минути

    Просечната пензија во март изнесувала 16.380 денари и за прв пат е исплатена и највисока пензија досега во висина од 60.294 денари. Станува збор за новоформирана максимална пензија истата важи од први годинава, а решенијата се донесуваа од први март. Најниска просечна пензија е земјоделската 8.484 денари, највисока воената од 23.692 денари. Просечната семејна пензија изнесува 13.078 денар, инвалидската 14.740 денари, старосната 17.680 денари.

    ШТО ПОКАЖУВААТ БРОЈКИТЕ КАЈ СОЛИДАРНИОТ ФОНД?

    За првите три месеци годинава од Солидарниот фонд на семејства со починат пензионер им се исплатени 134,195,000 денари или речиси 2,2 милиони евра. Овие средства се исплатени за вкупно три месеци за поднесени 4,477 барања, односно починати пензионери.

    Податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување покажуваат значително намалување на бројот на пензионери од почетокот на годината. Нивниот број во јануари изнесувал 326 841 пензионер, додека во март се намалил на 326 049. Статистиката забележала намалување на бројот на пензионери во земјава во првите три месеци годинава за дури 792 лица.

    Со образложение дека поради зголемената смртност не може да се постигне навреме исплата на барателите-корисници на средства од Солидарниот фонд, Сојузот на здруженија на пензионери ја намали висината на исплата за 5.000 денари, наместо 30.000 денари на семејствата им се исплаќа 25.000 денари кои дополнително треба да им се доплатат со јулската пензија. Од друга страна, пак ја зголеми сумата што на пензионерите им се запира од пензиите за Солидарниот фонд, од 120 на 150 денари.

    И покрај тоа најголемиот дел од пензионерите остануваат да уплаќаат во Солидарниот фонд. Бројките на ПИОМ покажуваат дека во март месец 308 363 пензионери бил бројот на пензионери од чии пензии се врши задршка за уплата во Солидарниот фонд и за членство во здруженијата.

    Од друга страна и натаму продолжува запирањето на 30 денари членарина од пензиите на пензионерите, пари од кои бенефит активните членови на пензионерските здруженија. Статистиката на ПИОМ покажува дека и во март по основ членарина која изнесува 30 денари во пензионерските здруженија се уплатени 9,355,170 денари или 152.000 евра. За првите три месеци само за членарина која е задолжителна за сите што сакаат да уплаќаат во Солидарниот фонд од пензионерите на сметка на пензионерските здруженија легнале вкупно 459.000 евра.

    Инаку, лани од Солидарниот фонд беа исплатени 8,2 милиони евра на семејства со починат пензионер.

    Читајте: СИРОМАШНИ ПЕНЗИОНЕРИ, БОГАТИ ЗДРУЖЕНИЈА: 1,8 милиони евра од пензиите им се запира годишно за членарина

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично