Кога размислувате за инвестирање, обично првата опциjа на која најверојатно помислувате е инвестирање во акции. Но, во последните години, P2P инвестирањето се истакна како привлечна алтернатива, во голем дел поради значително помалиот ризик за инвеститорите.
Кога станува збор за зголемување на вашите финансиски средства, избирањето на вистинскиот начин на инвестирање може да биде предизвик. Иако двата начини нудат можност за остварување принос, тие се разликуваат по ризикот, стабилноста и транспарентноста.
Ако сте на крстосница и не знаете дали да се впуштите во акциите или да одите со P2P инвестирање, оваа споредба ќе ви помогне да донесете информирана одлука.
Што е P2P инвестирање?
P2P (peer-to-peer) инвестирањето е модел каде што индивидуалните инвеститори ги позајмуваат своите средства на заемопримачи преку специјализирани платформи како P2P.mk. Наместо вашите пари да стојат во банка со минимална камата, вие ги вложувате во кредити и заработувате од каматата што ја плаќаат заемопримачите.
Големата предност на овој вид инвестирање е тоа што носи стабилни приноси, без непредвиливите промени што често се јавуваат кај акциите.
Клучни предности на P2P инвестирањето
Понисок ризик и стабилни приноси
Инвестирањето во кредити преку P2P.mk ви овозможува фиксни приноси, без зависност од пазарни флуктуации како кај акциите.
BuyBack гаранција
P2P.mk нуди BuyBack гаранција, што значи дека ако заемопримачот доцни со отплата повеќе од 60 дена, оригинаторот на кредитот го откупува заемот, минимизирајќи го ризикот за инвеститорите.
Транспарентност и контрола
Инвестирање во акции значи дека не добивате никакви гаранции, додека пак на P2P.mk имате целосен увид во условите на кредитите во кои инвестирате.
Пасивен приход со Auto Invest
P2P.mk нуди “Auto Invest” опција, односно автоматско инвестирање, со што може да го минимизирате вашиот ангажман и да добивате редовни исплати.
Минимален влог за почеток
За разлика од инвестирањето во акции, каде што е потребен значителен капитал, со P2P.mk можете да започнете со само 3.000 денари.
Што е инвестирање во акции?
Инвестирањето во акции значи купување удел во компании, со надеж дека вредноста на акциите ќе порасне со текот на времето. Иако некои инвеститори можат да остварат големи профити, оваа стратегија носи значителни ризици, особено ако сте почетник.
Инвестирање во акции: Дали вреди ризикот?
Висока нестабилност
Ризикот кога инвестирате во акции е најголем поради неможноста за достапни информации. Цените на акциите може да се менуваат драматично, што значи дека можете да загубите значителен дел од вашата инвестиција за кратко време кога цената на акциите паѓа.
Бавен раст и долгорочна неизвесност
За да остварите профит, често треба да чекате години, додека со P2P инвестирањето заработувате редовно преку каматни приходи.
Комплексност и потреба од искуство
Инвестирањето во акции бара анализа, следење на пазарот и постојано учење, додека P2P инвестирањето е многу поедноставно и достапно за почетници
P2P инвестирање или инвестирање во акции – Кој метод е побезбеден?
Безбедноста на инвестицијата зависи од неколку фактори, но генерално, P2P инвестирањето преку платформи како P2P.mk нуди значително помал ризик во споредба со акциите.
Фиксни Приноси
P2P инвестициите носат предвидливи приноси. Кога инвестирате во кредити, веќе знаете колкав каматен принос ќе добиете. Кај акциите, приносот е неизвесен и може да варира од значителна добивка до целосна загуба.
Контролиран ризик
Ризикот е многу подобро контролиран кај P2P инвестирањето. Со BuyBack гаранцијата, во случај на загуба, основните вложени средства се 100% заштитени. Преку P2P инвестирањето може да се изгуби само евентуалната зарботка, но не и влогот. Кај акциите, ако вредноста на компанијата падне, нема никаква гаранција дека ќе ги вратите вашите пари.
Стабилност
Инвестирањето преку P2P е далеку попредвидливо и стабилно. Кај акциите, најчесто ви е потребна помош од брокер, бидејќи пазарот на акции е под влијание на многу фактори како економски кризи, инфлација, политички превирања и глобални настани.
Колкав ангажман бара секој тип на инвестирање?
Доколку немате време да се посветите на анализа на берзите, P2P инвестирањето е далеку попогодно за вас. P2P.mk платформата нуди целосна контрола врз вашите инвестиции, а за нај пребирливите постои и Auto Invest опција.
Со Auto Invest вашите пари автоматски се распределуваат во кредити според критериуми што вие сами ги поставувате.
Кај акциите, потребно е постојано следење на пазарните трендови, анализирање на извештаи, вести и други фактори што влијаат на вредноста на компаниите. Ова бара повеќе време и знаење, а дури и со тоа, не постои гаранција дека ќе направите вистински потег. Исто така доколку работите со брокер, евентуалната заработка ќе треба да ја делите (во некои случаи).
Што е подобро за пасивен приход?
Ако вашата цел е да остварувате пасивен приход, P2P инвестирањето е значително подобра опција. Со вложување во кредити, редовно добивате каматни приходи, без активно учество во процесот.
Инвестирањето во акции може да донесе профит, но најчесто преку купување и продавање акции, што значи дека мора да бидете активни на пазарот.
Заклучок: P2P инвестирање или инвестирање во акции?
Ако сакате предвидливи приноси, стабилност и минимален ризик, тогаш P2P инвестирањето преку P2P.mk е подобар избор во споредба со инвестирање во акции.
P2P моделот на инвестирање нуди лесен пристап и можност за пасивен приход без потреба од финансиско искуство. Од друга страна, инвестирањето во акции може да биде профитабилно, но носи висок ризик, бара повеќе време, анализа и стратегија..
Доколку сакате да започнете со паметно и безбедно инвестирање, регистрирајте се на P2P.mk уште денес!
ПР Објава