ПОВЕЌЕ

    „Оксфорд“ е прогласен за најдобар универзитет во светот петта година по ред

    Време зa читање: 2 минути

    Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија, се наоѓа на првото место петта година по ред. На листата со најдобри 10 универзитети во светот доминираат американски институции, а кинескиот универзитет „Цингхуа“ стана првиот универзитет во Азија што се искачи помеѓу најдобрите 20 универзитети откако се користи моменталната методологија на оценување.

    Според Times Higher Education, како што пишува „Форбс“, британскиот статус на сила во високото образование е ставен под знак прашалник бидејќи од 20. највисоко рангирани британски институции минатата година само пет успеале да се искачат на листата, додека институциите што не се во најдобрите 200 паѓаат подолу на листата. Во меѓувреме, институциите од Азија продолжуваат да импресионираат.

    На листата со најдобри 10 универзитети дури 8 се од САД. Меѓутоа, 50% од најдобрите 20 американски универзитети од минатогодишната ранг-листа не успеале да ги задржат своите позиции. САД изгубиле 4 места во најдобрите 200 универзитети во последните 5 години.

    10 најдобри универзитети во светот за 2021

    На листата со најдобрите 200 универзитети, 59 се од САД, 29 од Велика Британија, а 21 од Германија. Меѓу тие 200 универзитети нема ниту еден од регионот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично