Охридска банка Сосиете Женерал СО ПОДДРШКА ЗА ГОЛЕМИОТ ХЕРОЈ МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ!
Охридска банка Сосиете Женерал одлучи да го награди хероизмот на тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски кој годинава тргна на подвиг – пливачки маратон од 64 километри за да ја подигне општествената свест за поддршка и преземање активности за децата со ретки болести.
Банката ќе инвестира средства во депозитот на Марко кој му го додели минатата година по историското препливување на Охридското Езеро и потоа стана првиот член на Клубот на таленти на Охридска банка.
Честитки од целиот тим на Охридска банка Сосиете Женерал за лидерството и храброста на младиот Марко Пејчиновски.
Марко ти посакуваме брзо опоравување после напорното лето поминато во тренинзи и да му се вратиш на пливањето со поголема сила од кога било!