ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Уни банка, експозитура во Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Уни банка АД Скопје вработува референт на благајна во експозитура во Скопје, со или без работно искуство

    Kвaлификации:

    Диплома за завршено високо образование;
    Познавање на работа со компјутери;
    Познавање на англиски јазик;
    Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења.

    Избраниот кандидат треба да поседува:

    Одлични организациски и комуникациски вештини;
    Желба за непосредна работа со клиенти;
    Прецизност, точност и аналитички пристап во работењето;
    Афинитети за тимска работа и работа под притисок;
    Аналитичен пристап кон задачите и реализација во кратки рокови.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 16.9.2019 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично