Работниот однос е на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување. Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.
Потребни квалификации:
-ВСС од областа на економија и економски науки,
-одлично познавање на основите на финансиско работење,
-одлично познавање на англиски јазик,
-одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери,
-поседување на возачка дозвола Б категорија.
Опис на работни задачи:
-промоција и продажба на финансиски производи,
-проценка на кредитни барања и кредитна способност на клиентите,
-градење на квалитетни и долгорочни односи со клиентите.
Кандидатот треба да поседува:
-самоиницијативност и способност за тимска работа,
-исклучителни комуникациски способности,
-позитивен пристап кон работата.
Работна позиција – Референт за кредитирање ги опфаќа следните работни задачи:
– Примање, анализа и обработка на барањата од клиенти – физички лица;
– Понуда и промоција на продуктите на банката на физички лица;
– Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за физички лица;
– Аквизиција на нови клиенти за банката и одржување на континуирани контакти со постојаните;
– Анализа на финансиите и пазарот на физички лица;
– Грижа за клиентите, одржување на континуирана комуникација и релации за поттикнување на нови и повторливи кредитирања;
– Унапредување на односите со постојаните клиенти;
– Продажба на производи и услуги на терен;
– Подготовка на каматни пресметки;
– Подготовка на извештаи;
– Давање на предлози за унапредување на продажбата на продукти за кредитирање на физички лица и
– Други работи по налог на директниот претпоставен и/или Управниот одбор
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени. Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на нашиот тим, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected] Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.