Од помошничка на Парис Хилтон до милијардерка на листата на „Форбс“. Ким Кардашијан – Вест официјално се придружи на клубот на милијардерите, објави магазинот „Форбс“.
Таа сега е една од 2.775 личности на листата на милијардери на „Форбс“, на чие чело се наоѓа Џеф Безос со 177 милијарди долари.
Форбс наведува дека Ким има удел и во низа други приватни компании и иако точните податоци не се објавени, изворот тврди дека ријалити – ѕвездата тежи повеќе од милијарда долари.
Кардашијан има и други инвестиции, вклучително и бројни недвижнини, а исто така таа потпиша договор со стриминг услугата „Хулу“.
Покрај тоа, Ким дополнително профитираше благодарение на својот инстаграм – профил на кој ја следат повеќе од 213 милиони луѓе.
Аналитика








