ПОВЕЌЕ

    Од полноќ горивата поскапи за половина денар

    Време зa читање: < 1 минутa

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92 % во однос на Одлуката од 12.04.2021 година.

    Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 12.04.2021 година.

    Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 58,00 ден/лит.

    Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува и изнесува 69,00 ден/лит.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично