ПОВЕЌЕ

    Откако почна короната Америка има 56 нови милијардери 

    Време зa читање: 2 минути

    Иако новиот коронавирус ги уништи животите, заштедите и малите бизниси на огромен број Американци, годината не беше финансиска лошо за секого.

    Помеѓу средината на март и 22 декември, САД примија 56 нови милијардери, вкупно 659, а нивното богатство е зголемено за повеќе од трилион долари од почетокот на пандемијата, според извештајот од декември, составен од Институтот за политички студии и Американците за даночна правда. Еден извештај врз основа на податоците собрани од страна на Форбс, покажува дека тие поседуваат двојно повеќе од 165 милиони најсиромашните Американци. Десетте најбогати милијардери заедно имаат над трилион долари, пренесува Б92.

    Меѓу новите милијардери има познати имиња како Џеф Безос, Илон Маск и Бил Гејтс, па се до Кание Вест и Тајлер Пери. Сепак, тие се исклучоци, а повеќето од новите милијардери се луѓе чие богатство е поддржано од берзата. Меѓу нив е и поранешната сопруга на Џеф Безос, Скот Мекензи, чие богатство од ден на ден се зголемува.

    Клучен двигател на зголемувањето на нивното богатство беше одговорот на монетарната политика на стабилизацијата на финансиските пазари во раните денови на пандемијата, што поттикна раст на берзата. Кога Волстрит се најде на работ на паника во март, Федералните резерви интервенираа, ветувајќи ниски стапки и одржувајќи ликвидност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично