ПОВЕЌЕ

    ОД МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ДО ГЛОБАЛЕН АУДИОПРОДУЦЕНТ – Мартин Данчев во New Biz Podcast

    Време зa читање: 5 минути

    Мартин Данчев го започнал својот претприемачки пат стратешки. Вработен во глобална продукциска куќа како дизајнер на звук и истовремено како креатор на своите дигитални продукти кои преку својата компанија им ги нуди музичарите.

    Toj влегал во музиката од потребата за создавање уметност, од поривот да се креира, поривот да се создава нешто што ќе остави печат во светот. Меѓутоа, љубопитноста го одвела во насока на креирење на сопствена компанија која што ќе понуди дигитални продукти наменети токму за музичарите.

    Каков бил неговиот пат и до када стигнал, Наташа Велковска разговара со него во оваа епизода на New Biz Podcast.

    „Секој си има свој пат така и јас, генерално нешто што ме водело е интересот за музика од многу мал, почнав со пијано, потоа имав нижо музичко училиште, па продолжив во средно музичко училиште. Потоа студирав на Академијата за музичка уметност и на крај завршив мастер во Велс, таму завршив за аудио и постпродукција и за музичка продукција, а водилка ми беше љубопитноста во секоја сфера од музиката. Имам поминато многу различни правци во музиката, а сега сум во една поинаква кариера во музиката“, раскажува Данчев.

    Но до каква кариера го донел патот што го изодел, со оглед на тоа што тој ги комбинира технологијата и музиката во едно?

    „Моментално би кажал, дека имам да речеме два главни правци коишто кариерно се развивам. Работам како дизајнер на звук и дабинг миксер односно миксење на звук за Литвански проект. Тоа е детски цртан филм, на некој начин како што е Пепа Пиг, т.е големите цртани. Веќе две години го работам тој проект, почнав како дизајнер на звук и сега моментално сум саунд лид, односно водам тим од шест луѓе, дизајнери и луѓе што ги зборат карактерите. Тој проект моментално достигна до 350 милиони прегледи за две години, што е многу значителна бројка. Со тој проект сум од почетокот и паралелно имам своја компанија каде што нудиме сервиси за аудиопост продукција, значи изработка на музика, саунд дизајн, најчесто за реклами моментално и паралелно развивам и дигитални продукти за продукција на музика. Не е само на Јутјуб. Моментално имаме главен канал што е на Јутјуб, компанијата е Бор Панда, они се главните што е таа идеја започната“, објаснува Данчев.

    Меѓутоа, како што вели тој, моментално во последните два месеци ја дистрибуирале како шоу, детско шоу на телевизија во Литванија, Естонија и Латвија. Главниот контент го правеле на англиски, а тоа било негова задача. Но се работело на дабинг, војсовери од Латвија и Естонија, преснимувале на истите линии на другите јазици, и направиле над 200 епизоди. Избрале некои епизоди што на некој начин ги направиле во една серија, како сезона 1 за цртанот.

    „Сметам дека ова е една природен развиток на еден проект, кој гледаме дека е успешен и гледаме како може уште повеќе да се развие. Мислам дека овој проект има уште голем пат за развивање. Мислам дека има можност, зашто ова е голема компанија што работи на овој проект, вкупно сме околу 80 луѓе во проектот, од анимација, аниматик, скрипт, луѓе што пишуваат скрипти, една сериозна продукција на контент, да речеме, така што мислам дека во наредните години, па и оваа година, веќе се збори за уште поголеми развивања и мулти-ченал, значи, отворање на не еден канал, туку веќе имаме на многу јазици. Тука е интересно, на пример, со AI технологија се работат делот во процесите, така што баш овие две години ми беа многу интересни со нив, затоа што во пракса ги видов овие сите нови алатки како најдобро би можело да послужат за да се направи квалитетен материјал“, вели Данчев.

    Како делот од оваа голема компанија од аспект на работна етика, и од аспект на што е ново во светот, како алатки, техники, технологија, тој вели дека најпрво научил дека што и да сака да постигнеме нешто поголемо најбитно е да има еден здрав систем.

    „Всушност тоа значи систем на процеси, каде што е многу јасно кој и каква улога има, и да се стигне до некој оптимален, функционален и здрав начин на работење, каде што стресот на работниците е многу намален, затоа што имало периоди, нормално, додека се градат системи, тоа е еден трнлив пат, да речеме. Така што научив за себе дека можам да бидам на нивото на задачата, зашто, сепак и за мене беше голем предизвик, да работам во таква сериозна продукција, и мене ми е првпат од овој тип на проект, да речеме, на долг рок што се развива експоненцијално“, вели Данчев.

    Тој вели дека патот до оваа компанија во која што работи сега е преку оглас.

    „Имаш оглас, јас тогаш завршив со мастер студиите, и бев во фаза каде што си дадов простор да одморам, искрено, зашто таа година беше доста напорна. Потоа на LinkedIn мислам дека го видов огласот, и имаше тест да пратиш регуларно. Генерално за мојата струка, како саунд дизајнер и дабинг миксер, многу ретко има добри огласи, зашто многу често интерно се наоѓаат луѓе или што ги познаеш, па го земеш да работи кај тебе, зашто знаеш каков работник е, и е малку позатворена сфера. И морам да кажам дека ми е изненадување дека проектот толку многу зема замав во овие две години, зашто ако споредиме првите епизоди со овие сега, буквално има многу поразличен цртан. И ова го мислам многу позитивно за напредокот што го достигнавме“, раскажува Данчев.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично