ПОВЕЌЕ

    Од денес започнува седмиот циклус на Виртуелна берза на Македонската берза АД Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Денес започнува седмиот циклус на Виртуелната берза и истиот ќе трае до 30.6.2020 година.

    Учесниците во Виртуелната берза ќе имаат можност да ги испробаат своите вештини во виртуелното тргување со хартии од вредност и да стекнат практично искуство од вложување во акции што се тргуваат на Македонската берза.

    Виртуелната берза е замислена како игра на знаење во која целта е остварување на што поголема вредност на портфолиото што се креира со купување и продажба на акциите што котираат на Македонската берза со виртуелни пари доделени со самата регистрација.

    Повеќе детали за правилата за играта, условите за користење, како и наградите што ќе се доделуваат на најуспешните корисници во Виртуелната берза можат да се најдат на следниот линк:
    http://virtuelna.mse.mk/

    Регистрација за учество во играта може директно да се направи преку линкот:
    http://virtuelna.mse.mk/registration

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично