Град Скопје го заврши обновувањето на спортските терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало. Реконструирани и пуштени во употреба се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда.
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил напиша: „Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети. Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење и уредување, со цел реката повторно да тече во своето природно, достоинствено корито, а просторот околу неа да стане вистинска урбана вредност“.
Аналитика








