ПОВЕЌЕ

    Ново покачување на пензиите во март, најмногу ќе се офајдат 75 пензионери

    Време зa читање: 3 минути

    Со нетрпение пензионерите го очекуваат новото зголемување на пензиите што треба да се случи во март. Покачувањето ќе биде меѓу шест и седум отсто за сите околу 330 000 пензионери. Зголемувањето на пензиите е во согласност со новата методологија за усогласување на пензиите, според која пензионерите двапати годишно, во март и септември ќе добиваат покачување кое процентуално ќе биде исто за сите. Кој колку ќе добие со 6,8% зголемување зависи од висината на неговата пензија.

    Со септемвриското покачување на пензиите минатата година како што пресмета и објави веќе порталот „Пари“ http://pari.com.mk/analiza-na-kogo-penzijata-mu-porasna-za-4000-denari-a-koj-dobi-samo-700/ 

    просечната пензија во септември со покачувањето се зголеми за 1,139 денари, односно од 16,376 денари колку што изнесуваше во август на 17,515 денари.

    Бидејќи зголемувањето е процентуално пензионерите со највисока пензија добија покачување од околу 4.000 денари, додека најсиромашните пензионери 700 денари.

    Новото зголемување на пензиите во март се очекува да го донесе истиот бенефит како и септемвриското.

    Според последната објавена статистика на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување за јануари 2023 бројот на пензионери во земјава изнесува 329,354-ца.

    Во првиот месе од годината 17.666 денари била просечната пензија. Воената просечна пензија е највисока и изнесува 24,994 денари,19,068 е старосната пензија, 15,780 денари е инвалидската пензија, 13,989 денари е висината на семејната просечна пензија и 8,491 денар е земјоделската просечна пензија.

    Во земјава има 227 086 корисници на старосна пензија, 27,869 се корисници на инвалидска пензија, 74 399 пензионери се корисници на семејна пензија.

    94,576 пензионери земаат пензија над 20.001 денар

    89,137 пензионери имаат примања до 12,200 денари

    86,446 пензионери земаат пензии од 12,201 денар до 16.000 денари

    59,195 пензионери имаат од 16,001 до 20,000 денари

    НАЈНИСКИ ПЕНЗИИ

    Вкупно пензионери со најниска поензија во јануари годинава имало 83,741.

    Најниските пензии во најголем дел се однесуваат на пензионери што се стекнале со пензија од први јануари 2002 година. Нивниот број изнесува 70,428. Најниската пензија била 10,276 денари а ја примаат 2,808 пензионери во државава. Најголем дел од пензионерите со најниски примања 46,248 земаат  пензија од 10,791 денар.

    Овие пензионери ќе добијат и најмало зголемување на месечните пензиски примања.

    МАКСИМАЛНИ ПЕНЗИИ

    Бројот на пензионери со максимални пензии изнесува 1,444-ца. Од нив 1,364 користат старосна пензија, со семејна пензија се 57, додека 23-ца се корисници на инвалидска пензија.Највисоката пензија започнува од 44,561 денар има 10 прага и се движи до 64,394 денари. Најмногу односно 907 пензионери со највисоки пензии земаат 46,421 денар. Највисоката пензија од 64,394 денари ја земаат 75 пензионери. Овие пензионери пак слободно може да почнат да слават бидејќи најгомото зголемување ќе биде за нив.

    НОВИ КОРИСНИЦИ

    Во јануари Фондот бележи 3,485 нови корисници на пензија, од нив 2,430 се мажи и 1,055 жени. Во истиот месец починале 1,424 пензионери.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично