ПОВЕЌЕ

    НОВИ ПРОИЗВОДИ, ЗАСИЛЕНО ПРИСУСТВО НА ПАЗАРИТЕ, ПОГОЛЕМИ ПРИХОДИ – Бизнис план 2025 на „Витаминка“

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемена продажба и на домашниот и на странските пазари, проследена со повисоки приходи од 30 проценти, е целта што за годинава ја зацртале во прилепска „Витаминка“. Во производството ќе има новини.

    Бизнис-планот 2025 од продажбата на сопствените производи да се оствари прилив повисок од 80 милиони евра. За минатата година биле проектирани 61 милион евра.

    Поголемиот дел од 47 милиони евра би требало да се инкасира од пласманот на домашниот терен. Од извозните активности, кои се насочени кон триесеттина странски пазари, се очекуваат 33 милиони евра. Пазарното присуство „Витаминка“ ќе го засили со нови производи, а целосно ќе го оствари планското производство, особено во делот на чоколадниот програм и новата линија за мафини и тортици. „Постојано работиме и на други развојни зафати, доминантно во делот на пуштањето нови производи на постоечките машини“, велат од „Витаминка“.

    Компанијата годинава ќе се насочи кон развој и иновации на производи и пакување, што ќе придонесе за нивно прилагодување на потребите и навиките на различни групи потрошувачи. Притоа се нагласува дека идниот забрзан раст и развој ќе се заснова на категории производи со поголем нутритивно избалансиран потенцијал.

    Освен слатките, во производната палета на „Витаминка“ се и масло за јадење, оцет и преливи; супи, зачини и разни додатоци за јадење; намази и сосови; грицки; инстант пијалаци. Зад производството и деловните резултати сетојат околу 700 вработени. Годинава се очекува зголемување на тимот со преку планираните нови вработувања во Прилеп, Скопје и во Штип.

    Што се однесува до ланските постигнувања, во очекување на целосните резултати, деветмесечните од јануари до септември покажуваат приходи од над 43 милиони евра, за осум насто повисоки од истиот период во 2023. Добивката, пак, е зголемена за 58 проценти и е во износ од околу 600 илјади евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично