ПОВЕЌЕ

    Нова потенцијана инвестиција на италијанска компанија во ТИРЗ Штип

    Време зa читање: 2 минути

    Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со Марио Де Роза, прв секретар, заменик шеф на мисија на италијанската амбасада во Македонија, регионалниот совет на Пиемонт и претставници на италијанската компанија L’Isola Blu Piscine. Во рамки на средбата се разговааше за поволностите кои ги нуди Дирекцијата за ТИРЗ за странските инвеститори, при што беа разгледани условите за нова потенцијална инвестиција во ТИРЗ Штип од страна на компанијата специјализирана за дизајн, производство и инсталација на базени L’Isola Blu Piscine.

     Директорот Димовски ги потенцираше бројните поволности кои ги нудат зоните, како и стратешката локација на ТИРЗ Штип, квалификуваната работна сила и поддршката што се обезбедува од страна на Дирекцијата во соработка со Владата за сите инвестиции со висока додадена вредност.

     Претставниците на италијанската амбасада и регионалниот совет на Пиемонт ја поздравија можноста за соработка и истакнаа дека Македонија станува сѐ попривлечна дестинација за италијанските компании.

     Фабио Каросo, сопственик на италијанската компанија L’Isola Blu Piscine, од своја страна изрази посебно задоволство за средбата со очекување за успешна реализација на потенцијатната инвестиција во ТИРЗ Штип. Тој истакна дека клучен фактор за одлуката за потенцјална инвестиција, е поволната бизнис-клима и поддршка за странските инвеститори што ја нуди Македонија, претставувајќи атрактивна дестинација за инвестирање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично