ПОВЕЌЕ

    Излезе новата „Форбс“ листа на најплатени фудбалери, Меси и Роналдо се единствени со заработка над 100 милиони долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Лионел Меси и Кристијано Роналдо се двајцата најплатени фудбалери на денешницата, според списанието „Форбс“.

    Аргентинецот и Португалецот ќе бидат единствените кои ќе заработат над 100 милиони долари во следната година.

    Меси го зазема првото место на списокот. Тој поседува 92 милиони долари од договори со Барселона, додека има уште 34 милиони долари од спонзорски договори, што вкупно му носат заработка од 126 милиони долари.

    Роналдо официјално ќе инкасира девет милиони помалку. Договорот со Јувентус е вреден 70 милиони, додека „надвор од теренот“ заработи дури 47 милиони долари.

    Бразилецот Нејмар е на третото место со 96 милиони, додека неговиот клупски пријател од ПСG, Килијан Мбапе се проби на четвртата позиција со 42 милиони.

    Меѓу првите десет се наоѓаат Мохамед Салах (37 милиони), Пол Погба (34), Антоан Гризман (33), Герет Бејл (29), Роберт Левандовски (28) и Давид де Геа (27).

    Списокот е направен врз основа на договори за сезоната 2020/21, бонуси, како и официјална заработка од спонзори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично