НЛБ Банка го поддржува развојот на младите кадри и ја поттикнува младата студентска иницијатива.
Традиционално нуди можност за практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии од областа на економијата и информациските технологии.
НЛБ банка досега имаат воспоставено успешна соработка со следниве високообразовни институции во државата:
-УКИМ Економски факултет – Скопје,
-УКО Економски факултет – Прилеп,
-ФОН Универзитет – Факултет за економски науки,
-ЈИЕ Универзитет – Факултет за бизнис администрација,
-УКИМ Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје.
Студентите избрани за пракса за време на летото имаат можност да учествуваат во банкарските операции, да работат во динамична и постојано променлива околина, да научат за различните области од банкарството и сл. Врз основа на остварената пракса, практикантите се здобиваат со препорака за реализација на пракса со евалуација на нивниот ангажман и можности за вработување во Банката.
Линк до апликација за пракса.