ПОВЕЌЕ

    Од 1.050 акции во нетрговските трансфери, повеќе од половина се на Алкалоид

    Време зa читање: 2 минути

    Во пет нетрговски трансакции минатата недела е променета сопственоста на вкупно 1.050 акции, покажуваат податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност. Станува збор за трансфери што се реализираат по законски основ, како што се подарување или наследување на хартии од вредност.

    Најголем дел од пренесените акции, 573 на број, се на Алкалоид АД Скопје, што претставува повеќе од половина од вкупниот број. Акцијата на Алкалоид е меѓу најликвидните на Македонската берза, а нејзината просечна цена изнесува 22.399,20 денари.

    Следува Гранит АД Скопје со 272 обични акции, при просечна берзанска цена од 1.456 денари. Акциите на градежната компанија често се појавуваат во евиденцијата на нетрговски трансфери.

    Во статистиката се евидентирани и 114 обични акции на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово. Во изминатите 52 недели со оваа акција се реализирани само шест берзански трансакции, а просечната цена изнесува 399 денари.

    Нетрговски се пренесени и 90 обични акции на Димко Митрев АД Велес, компанија со чии акции во последните 12 месеци не е реализирано ниту едно берзанско тргување.

    Во еден од трансферите е пренесена и една обична акција на ТТК Банка, чија последна просечна берзанска цена, формирана на тргувањето од 8 јули, изнесува 1.257,65 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично