НЛБ Банка ги повикува клиентите – корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен рок да ги ажурираат своите податоципреку веб страницата на Банката на линкот: https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx
„Поради актуелната кризна ситуација, а со цел избегнување на гужвите во експозитурите, НЛБ Банка се погрижи клиентите своите картички да ги добијат директно до своите домови. Со цел да излеземе во пресрет на клиентите и да овозможиме квалитетна услуга и навремена достава на картичките,апелираме до сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат истото преку веб страницата на Банката. Воедно, би сакале да ги известиме клиентите кои веќеизвршија ажурирање, дека нивните картички се во фаза на изработка и дистрибуција,а за доставата ќе бидат информирани преку СМС пораки“, велат од Банката.
НЛБ Банка ја поддржува оваа Владина иницијативапреку издавање на 113.000 платежни картички. Нивното издавањесе одвива етапно и до овој моментБанката има изработено повеќе од 80.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција до клиентите.
За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: [email protected] или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.
Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.