ПОВЕЌЕ

    НИКОБ има најголеми приходи и добивка, но и најголем број на вработени

    Време зa читање: 3 минути

    Според финансиските резултати од последните две години, агенцијата за обезбедување НИКОБ ги прави најголемите приходи и добивки, но истовремено компанијата е и најголем работодавач во овој бизнис.

    На нивната интернет страна е наведено дека оваа агенција е основана во 1995 година и воедно дека е првата компанија која е судски регистрирана во земјава.

    Минатата година во оваа компанија се свртеле 14,4 милиони евра, додека годината пред тоа приходите изнесувале 10,9 милиони евра.  Приходите што ги прави НИКОБ, се драстично поголеми од приходите на сите останати агенциии за обезбедување. Па така, само лани во оваа компанија се свртела сума колку што изнесуваат вкупните приходи на десетина други агенции за обезбедување со најголем обрт.

    Односно, приходите на НИКОБ се еднакви на приходите што заедно ги прават Перпетум Мобиле, Оса Бранко, СГС , МДН Обезбедување, Питон, Еуро Секјурити, Секјурити М.К Агенси.

    „Континуираниот раст на приходите се должи пред се на широкото портфолио на услуги, уникатноста на истите кои се дизајнирани согласно потребите на клиентите“, велат од НИКОБ и потенцираат дека по однос на квалитетот на услугите, примената на високите технологии, континуирани инвестиции, промовирање на новите безбедносни услуги и менаџерскиот тим се сериозна конкуренција дури и на реномирани компании во регионот и пошироко.

    Минатата година, НИКОБ ја има и најголемата добивка која изнесува два милиони евра, и истата е драстично зголемена во однос на претходната година, кога изнесувала 555.500 евра. Но, ланската добивка на Никоб е недостижна за другите агенции за обезбедување, со оглед дека останатите деветнаесет најголеми агенции за обезбедување заедно имаат добивка од 1,2 милиони евра.

    Дејноста обезбедување има тенденција на постојан раст и зголемена побарувачка од користење на услугите за обезбедување“, велат од НИКОБ.

    На интернет страната на НИКОБ е наведено дека во 2010 година има промена во сопственичката структра, кога е направено преструктирање и ребрендирање. Во оваа компанија, што важи и за најголем работодавач во овој бизнис, минатата година работеле 1.839 луѓе. Нивниот број во однос на претходната година е зголемен за 336.

    Прочитајте ја целата АНАЛИЗА: Кој е кој во бизнисот со обезбедување имоти и луѓе

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично