ПОВЕЌЕ

    Нетрговски пренесена сопственоста на 5.290 акции, најмногу на „Либерти“

    Време зa читање: 2 минути

    Акции 5.290 на број, сите обични, минале низ процесот на нетрговските трансфери минатата недела, која бележи скромни почетоци. Првиот ден интерес е пројавен само за пренос на акции од „Гранит“, а вториот од Комерцијална банка. Понатаму, активноста се засилува и конечниот биланс опфаќа акции на 17 компании и на три банки.

    Во три наврати се трансферирани вкупно 580 акции на Комерцијална банка. На двапати по 20 и еднаш 540 обични акции.

    Акциите на девет компании се пренесувале на двапати, покажуваат податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, што ги објавува Македонска берза.

    Во таа група се: 610 акции на „Гранит“, прво 110, потоа уште 500; 146 на „Уготур“- 31 па 115; 845 на „Макстил“ (652 + 193); 1.225 на „Либерти“ (945 со 280); 735 на „АрцелорМиттал“ (ХРМ) – 567, па 168 обични акции.

    Тука се и акциите на компаниите произлезени од некогашната скопска Железара. Подарени, наследени или за друга потреба пренесена е сопственоста на: 14 акции од РЖ „Техничка контрола“, 11, па три; на 361 акција од РЖ „Услуги“ – 240 и 121; на 36 од РЖ „Економика“ – 28 и осум; и на 38 од РЖ „Интер-Трансшпед“, прво 29 и потоа уште девет обични акции.

    Минатата недела нетрговски трансфер е извршен и со 130 акции на „Раде Кончар- Апаратна техника“ и со 119 акции на скопски „Алкалоид“. На овој начин пренос е направен и на по 106 акции издадени од „Макошпед“, „Хотели Метропол“ АД Охрид и од „Македонски телеком“.

    Под прагот од сто се акциите на „Македонијатурист“ – 20, на „Макпетрол“ – 17 и на ВВ „Тиквеш“ Кавадарци – шест обични акции.

    Во оваа статистика се и 80 обични акции на ТТК банка, како и 10 на Стопанска банка Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично