ПОВЕЌЕ

    Кои се вистинските причини поради кои вашата работа ве прави несреќни?

    Време зa читање: 2 минути

    Го мразите вашиот шеф. Заситени сте од вашите колеги. Работите што ви се доделени да ги направите се досадни или тешки. Ова на секого може да му звучи познато. Ајде да ги разгледаме главните причини и што може да превземете околу тоа.

    Вашите напори се непризнаени. Се чувствувате неценети. Барате да ви биде доделена вистинска работа за која ќе бидете вреднувани. Решението може да биде во тоа што премногу долго правите иста работа и сте подготвени за промена. Потребно е да добиете повратна информација од вашиот шеф и да ставите крај на секојдневната рутина. 

    Значи, следниот пат кога ќе го поднесете завршениот проект и за возврат нема да добиете никаква информација, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри. Прашајте го вашиот шеф што мисли за тоа и замолете го да ви даде нешто што вас повеќе ќе ве исполнува, или до одредена мера, помалку ќе ве замораува.

    Доколку сметате дека ви е доделено премногу работа, и немате доволно часови во денот за се да сработите да воспоставите баланс во вашиот живот, разговарајте со вашиот шеф околу предлози за подобро организирање и приоретизирање на вашиот обем на работа. Идеално, ваквиот разговор ќе ги отвори очите на вашиот шеф, и ќе ви бидат дадени нови насоки и рокови кои ќе бидат поинаку распределни. 

    Што се случува доколку вашите вредности и размислувања не се совпаѓаат со вашите колеги? Најчесто, во овој случај, станува збор за култарата на фирмата. Во овој случај, како вработен можете само едно да направите – да најдете ново работно место. Неможете да ги смените луѓето, но можете сами да се смените. Немојте да бидете пасивни и размислувајте проактивно. Превзете иницијатива и почнете да испраќате CV кон други работодавци и не се откажувајте.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично