Според нив, вкупните депозити на корпоративниот сектор, овој месец, се повисоки за 3,1 отсто на месечна основа.

-Растот во најголем дел е резултат на зголемените депозитни пари, при помал позитивен придонес и на долгорочните депозити во странска валута, во услови на пад кај останатите компоненти. Годишната стапка на раст изнесува 16,7 отсто, главно поради зголемените депозитни пари, при позитивно влијание и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад кај останатите компоненти.

Кај кредитите на корпоративниот сектор во јуни е забележан месечен и годишен раст од 0,6 и 1,2 отсто.

Нагорната промена, пред сè, се должи на зголемените кредити во странска валута, а позитивно, но помало влијание имаат и кредитите одобрени во денари.

Кај вкупните депозити на домаќинствата, пак, е остварен месечен раст од 0,3 отсто што, според НБ, најмногу произлегува од зголемените краткорочни депозити во странска валута, а во позитивна насока влијаат и долгорочните депозити во странска валута и краткорочните депозити во денари, во услови на пад кај останатите компоненти.

-На годишна основа, депозитите на домаќинствата растат за 4,2 отсто под влијание на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад кај останатите компоненти. Кредитите на домаќинствата, овој месец, се зголемија за 1,3 отсто, во споредба со претходниот месец, како резултат на зголемувањето на кредитите во двете валути, малку поизразено кај кредитите во странска валута. Годишното зголемување изнесува 8,7 отсто и во поголем дел произлегува од денарските кредити, при позитивен придонес и на кредитите во странска валута, прецизираат од НБ.