ПОВЕЌЕ

    „Настел“ продолжува со продажба, браќата Пецовски со купување акции на „Реплек“

    Време зa читање: 2 минути

    Градежната компанија „Настел“ на Зоран Азманов и натаму ја намалува сопственоста во „Реплек“. Во моментот поседува 8,33 отсто од акциите. Првиот човек на компанијата, Душан Пецовски, како и неговиот брат Владимир Пецовски, купуваат акции и ги зајакнуваат позициите. Нивни се 12,20, односно 6,34 проценти од издадените хартии од вредност.

    Последната објава од скопската фармацевтска куќа вели:

    „Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 26 акции, со што поседува вкупно 21.602  или 8,33% од вкупниот број на акции.

    Акционер со над 5% Пецовски Душан се стекна со 5 нови акции, со што поседува вкупно 31.610 или 12,20% од вкупниот број на акции.

    Акционер со над 5% Пецовски Владимир се стекна со 3 нови акции, со што поседува вкупно 16.435 или 6,34% од вкупниот број на акции“.

    „Настел“ ја намали продажната активност во споредба со летните месеци. Познато е, стартуваше на почетокот од јули, непосредно пред „Реплек“ да ја изврши поделбата на обичните акциии, со што се намали и нивниот номинален износ – на 11 јули продаде пет акции, по што му останаа 9,36 проценти. Потоа следуваше серија, односно чести известувања за продавањето на акциите. Во текот, пак, на последните неколку недели, како продавач „Настел“ се споменува и во известувањето од 29 октомври, за продадени 83 акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично