ПОВЕЌЕ

    Народната банка ги објави позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

    Време зa читање: < 1 минутa

    Позначајни промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција: прв квартал 2020 година На крајот на првиот квартал од 2020 година, бруто надворешниот долг со исклучен ефект од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка1 изнесува 8.127 милиони евра и забележа квартален пад од 64 милиони евра. Бруто надворешните побарувања без ефектот од специфичните активности на централната банка забележаа намалување од 195 милиони евра и изнесуваат 5.188 милиони евра.

    Поголемото квартално намалување на побарувањата во однос на обврските доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 130 милиони евра, со што на крајот на март 2020 година тој изнесува 2.938 милиони евра. Притоа, зголемувањето на нето надворешниот долг во првиот квартал произлегува од зголемениот приватен и јавен нето-долг (за 99 и 31 милион евра, соодветно).

    За да го превземето соопштението, кликнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично