ПОВЕЌЕ

    Во август месец најтргувани акциите на Комерцијална Банка, следат Алкалоид и Макпетрол.

    Време зa читање: < 1 минутa

    Македонскта берза го објави месечниот статистички билтен за периодот 01.08 – 31.08.2020 година каде вкупниот промет изнесувал 326.537.141 денари и е намален за 14,67 отсто во однос на претходниот месец. 

    Класичното тргување изнесувало 203.789.308 денари и е намалено во однос на јули за 41,49 отсто кога изнесувало 348.296.794 денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 192.245.108 денари и обврзници во вредност од 11.544.200  денари.

    Блок трансакциите во агвуст изнесувале 122.747.833 денари и се зголемени за 257,11 отсто во однос на јули.

    Бројот на трансакции во август изнесувал 865 и е намален за 34,42 отсто во однос на јули кога изнесувал 1.319.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и на третото место е Макпетрол АД Скопје.

    Месечниот статистички билтен за август 2020 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично