ПОВЕЌЕ

    Најскапите градови стануваат „просечни“: Празните станови ги намалија цените за закуп

    Време зa читање: 2 минути

    Во најголемите светски финансиски центри како Њујорк,Торонто, Лондон и Сиднеј, регистриран е значителен пад на кириите во центрите на градовите.

    Меѓународните студенти кои обично ја зголемуваат побарувачката сега се наоѓаат во своите татковини, а младите станари – најподвижната група во светот на недвижнините – наоѓаат се помалку причини за изнајмување мали, но скапи станови. Експертите велат дека „бесмислено е да не се преговара за пониска кирија во овој момент“.

    Корона кризата целосно направи промена на некои од нашите навики, па затоа сега им е поважно на луѓето да седат дома и да бидат здрави, отколку да живеат во центарот на Њујорк, во мал стан кој се плаќа скапо. Теле-работата стана практика за милиони, така што работата не страда, а работниците можат да работат каде сакаат. Така работат банките, медиумите, технолошките компании.

    Баровите и рестораните забава, една од причините поради која луѓето се слеваа во споменатите градови, сега стивнаа, така што атмосферата во Њујорк или Сиднеј веќе не е иста како пред пандемијата.

    Кристин Чанг (26), успеала да преговара за пониска кирија за 9 проценти за куќата што ја дели со уште три лица во популарната населба во Сиднеј „Еноморе“, оддалечена 10 км од центарот.

    Не беше лесно. Сопственикот на куќата не одговарал на повиците до агентот за недвижнини пет недели. Тој на крајот се согласи да го намали закупот од 895 австралиски долари неделно, на 810 австралиски долари. Таму закупнината најчесто се плаќа на неделно ниво“, вели Чанг.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично