ПОВЕЌЕ

    НАЈПЛАТЕНИТЕ ПРОФЕСИИ ВО 2025: Кои работни места ветуваат заработка и над 100 илјади долари годишно и голема побарувачка?

    Време зa читање: 5 минути

    Кои се најбараните работни позиции на глобално ниво годинава, кои ќе бидат „отпорни на откази“ и ќе ви донесат стабилна финансиска позиција. Според истражувањето на CareerFitter, ако се занимавате со некоја од овие 12 кариери во 2025 година ќе имате едно најплатените работни места кои вработуваат најголем број луѓе. Повеќето од нив плаќаат над 100.000 долари годишно, некои се отпорни на рецесија, некои не бараат диплома, а некои ви дозволуваат да работите од дома. Еве ја листата:

    Менаџери за ИТ. Просечна плата: 169.510 долари

    Големиот број нови вработувања и високата плата се она што ја става оваа кариера на прво место. Ќе изгледате како силен кандидат за вработување ако покажете дека имате лидерски вештини, доверливост, внимание на детали, добри комуникациски способности, способност за носење паметни одлуки, вештини за решавање проблеми и управување со времето.

    Ова е дефинитивно канцелариска работа со задолжително познавање на работа со компјутери. Ќе гасите „пожари“ во канцеларијата и ќе поминувате многу време обидувајќи се непотребните канцелариски состаноци да ги направите продуктивни.

    Финансиски менаџери. Просечна плата: 156.100 долари годишно

    Финансиските менаџери се клучни за секоја организација. Тие се задолжени за надгледување на финансиското здравје на компанијата, генерирање финансиски извештаи, насочување инвестициски активности и создавање стратегија за долгорочни економски цели.

    Обично е потребна диплома од финансии, економија или слична област за да влезете во оваа професија. Искуството е од суштинско значење, а од потенцијалните финансиски менаџери често се бараат најмалку 5 години работно искуство во сродни позиции.

    Програмери на софтвер. Просечна плата: 132.270 долари годишно

    Приходите од софтверската индустрија се проценуваат на стотици милијарди долари годишно, и сите се согласуваат дека оваа индустрија цвета. Добрата плата е само една од придобивките на оваа професија. Со оглед на тоа што вашиот производ е дигитален, многу компании нудат флексибилни политики за работа од каде било.

    Често, оваа работа бара да решавате креативни проблеми и да бидете добро организирани. За почеток, ќе ви треба диплома од компјутерски науки, информатичка технологија или сродна област, како инженерство или математика. Во развојот на кариерата, како програмер можете да напредувате и да заработите преку 200.000 долари годишно како менаџер за компјутерски и информатички системи.

    Медицински сестри. Просечна плата: 126.260 долари годишно

    Медицинските сестри се препознаени ширум светот не само по нивната клучна улога во здравството, туку и по потенцијалот за високи приходи.

    Медицински сестри – техничари за анестезија и медицински сестри – бабици, заедно познати како напредни регистрирани медицински сестри (APRN), покрај грижата за пациентите, можат да обезбедат и примарни или специјализирани здравствени услуги.

    За оваа кариера потребно е да завршите акредитиран програм за медицински сестри, да положите национален испит за сертификација и да добиете државна лиценца. Иако бара многу планирање и труд, со просечна плата од над 126.000 долари годишно, вреди инвестицијата.

    Менаџери за медицински и здравствени услуги. Просечна плата: 110.680 долари годишно

    Кариерата како менаџер за медицински и здравствени услуги вклучува планирање, координација на активностите на здравствените работници, изработка на политики, управување со буџети и следење на здравствените регулативи и технологии. За оваа позиција е потребна барем една диплома.

    Генерални и оперативни менаџери. Просечна плата: 101.280 долари годишно

    Оваа кариера нуди значителни можности за напредување. Како генерален или оперативен менаџер, ќе бидете одговорни за надгледување на секојдневните операции, формулирање политики и управување со ресурси и персонал.

    Работата е канцелариска и бара одлични организациски и комуникациски способности. Иако стресна, платата од над 100.000 долари може да го оправда напорот.

    Аналитичари за менаџмент. Просечна плата: 99.410 долари годишно

    Ако уживате во зголемување на ефикасноста и пишување прирачници за подобрување и стандардизација на процесите, кариерата како аналитичар за менаџмент би можела да биде совршен избор.

    Дневните работни задачи вклучуваат собирање и организирање информации за проблеми што треба да се решат, спроведување интервјуа и набљудувања на лице место за анализа на тековните процеси, финансиски извештаи и процедури. Креирање решенија, предлагање промени и нивно презентирање на релевантните страни, се само дел од работните обврски на оваа позиција.

    Оваа кариера бара аналитички и комуникациски вештини, а магистерска диплома и дополнителни сертификати значително ќе ги зголемат вашите можности за вработување.

    Регистрирани медицински сестри. Просечна плата: 86.070 долари годишно

    Регистрираните медицински сестри, кои беа херои за време на пандемијата, имаат клучна улога во здравствениот систем. Покрај помагањето на пациентите, работата бара емпатија, организациски вештини и способност за работа во стресни услови.

    Вклучува набљудување на пациенти, управување со лекови и пополнување документација. Здравствената индустрија продолжува да има голема побарувачка за оваа професија.

    Сметководители и ревизори. Просечна плата: 79.880 долари годишно

    Оваа професија подразбира управување со финансиското здравје на компанијата, изготвување финансиски извештаи, насочување на инвестиции и планирање за постигнување финансиски цели.

    Таа бара внимание на деталите и интегритет, а дополнителни сертификати покрај дипломата може значително да ги подобрат вашите можности за напредок.

    Електричари. Просечна плата: 61.590 долари годишно

    Електричарите имаат клучна улога во обезбедување на електрична енергија во домови и компании. Работата вклучува инсталирање, одржување и тестирање на електрични системи, со акцент на безбедноста.

    Потребно е да завршите стручно образование или практикантство, а лиценца може дополнително да ја зголеми вашата професионална репутација.

    Возачи на тешки возила и камиони со приколки. Просечна плата: 54.320 долари годишно

    Возачите на тешки возила играат важна улога во транспортот на стоки и материјали. Работата бара добри возачки вештини, дисциплина и способност за управување со време.

    Не е потребно високо образование, но ќе ви треба комерцијална возачка дозвола, а некои возачи купуваат свои возила и работат како независни изведувачи.

    Советници за злоупотреба на супстанции, пореметувања во однесувањето и ментално здравје. Просечна плата: 53.710 долари годишно

    Советниците имаат клучна улога во помагањето на луѓето со ментални проблеми, зависности и други пореметувања. Оваа професија бара емпатија, одлични комуникациски вештини и интерес за психичко здравје.

    За оваа работа обично е потребна диплома по психологија, социјална работа или советување, а во многу случаи се бараат и дополнителни сертификати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично