ПОВЕЌЕ

    Најголемо зголемување на каматната стапка на ФЕД од 2000 година

    Време зa читање: 2 минути

    Федералните резерви во средата ја зголемија референтната каматна стапка за половина процентен поен, во согласност со очекувањата на пазарот. Покрај тоа, Федералните резерви на САД претставија програма која на крајот ќе ги намали нејзините обврзници за 95 милијарди долари месечно.

    Промената на каматната стапка е најголема од 2000 година, а беше воведена како одговор на растечките инфлациски притисоци, пренесува CNBC.

    Претседателот на ФЕД, Џером Пауел ја истакна својата посветеност за намалување на инфлацијата, но истакна дека зголемувањето на стапката за 75 базични поени „не е нешто“ што ФЕД активно го разгледува.

    „Инфлацијата е превисока и ги разбираме тешкотиите што ги предизвикува, забрзано се движиме за да ја намалиме“, рече Пауел за време на прес-конференција.

    „Ние сме силни и посветени на враќање на стабилноста на цените“, рече Пауел.

    Одлуката е донесена по дводневната седница за монетарната политика, а каматните стапки сега се во целниот опсег од 0,75 и еден процент. Ова претставува најагресивно заострување на монетарната политика во последните две децении со цел итно да се намали економскиот стимул кој придонесува за растот на цените, пишува Wall Street Journal.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично