ПОВЕЌЕ

    НАЈБАРАНИТЕ ПРОФЕСИИ ВО ХРВАТСКА: од градежништво и превоз, преку маркетинг и логистика, до туризам и продажба

    Време зa читање: 3 минути

    На хрватскиот пазар на труд во моментов се активни голем број огласи за вработување во различни сектори – од градежништво и превоз, преку маркетинг и логистика, до туризам и продажба. Некои од позициите нудат натпросечни плати, како и дополнителни поволности како сместување, флексибилно работно време или бонуси за продажба.

    Во моментов има голема побарувачка на неколку локации во Хрватска. Додека на некои огласи за работно место градежен инженер се нудат 2.500 евра нето и за возврат бараат петгодишно искуство, возачка дозвола Б категорија и напредни компјутерски вештини, во Истра за истото работно место се нудат околу 2.000 евра бруто. Овој работодавач нуди поволности како службено возило и можност за сместување како и работен однос на неопределено време.

    Следната најпопуларна позиција е позицијата соработник во логистика. На огласите се нуди плата од 1.400 до 1.500 евра бруто, со надоместоци и попуст за вработените.

    Има и позиции за возачи од категорија Ц и ЦЕ за работа во Хрватска и Германија. Главен услов на работодавачот е претходно работно искуство од најмалку две години. Се нуди плата од 2.500 до 3.000 евра, како и 24 дена годишен одмор.

    И работниците за продажниот сектор секогаш се многу барани во Хрватска. За работно место продавач во специјализирана продавница, работодавачот бара возачка дозвола Б категорија и нуди платени патни трошоци и можност за вработување на неопределено време, со добри примања, иако платата не е наведена. Работата на сезонски продавач повлекува флексибилно работно време (40, 30 или 20 часа неделно) и плата до 1.250 евра нето.

    Продажен претставник за градежниот сектор е исто така барана позиција, но во огласите моментално не е наведена плата.

    Туристичката сезона е пред нас и работата на собарка е веќе многу барана. Оваа работа во хотел со пет ѕвезди во Дубровник се плаќа од 1.200 до 1.500 евра, а работодавачот нуди сместување и покрива патни трошоци.

    Но Индексот за слободни работни места OVI за 2024 година покажува дека побарувачката на работна сила паднала за 3,2 отсто во однос на 2023 година, објави во петокот Економскиот институт во Загреб, чии аналитичари не очекуваат значителен пад на побарувачката на работна сила во 2025 година.

    „Вкупниот број на огласи во 2024 година беше втор најголем од 2005 година, откако го следиме индексот, но понизок од рекордната 2023 година. Најголемиот пад на индексот сè уште е зад нас бидејќи беше остварен во првите осум месеци, додека во последниот квартал е забележан раст од 1,4 отсто во однос на претходниот квартал, и имајќи ги предвид очекуваните макроекономски движења, во 2025 година не се очекува значителен пад на побарувачката на работна сила“, наведиуваат од ЕИЗ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично