ПОВЕЌЕ

    Награди за најдобрите Е-ТРГОВЦИ за 2023 година: Уште 48 часа можност за бесплатно да ја номинирате вашата е-продавница за изборот на најдобрите во македонската е-трговија!

    Време зa читање: 3 минути

    Во тек се номинациите за изборот и наградувањето на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, а остануваат уште 48 часа можност бесплатно да ја номинирате вашата е-продавница за да биде дел од изборот на најдобрите во македонската е-трговија со пополнување на апликација преку официјалната веб-страница www.ecommerceawards.mk

    На изборот, кој традиционално се одржува по трети пат во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2023 година, кои се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговија. Оваа година, со цел да се опфатат уште поголем број на номинирани е-трговци, додадени се нови категории за „Најдобра достава во е-трговија“, „Најдобар е-огласник“ и „Е-продавница за различни производи“.

    Дел од останатите категории за кои што можат да се номинираат е-трговците се: „Е-продавница за бела техника и електроника“, „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, „Е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки“, „Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми“, а главната награда е резервирана за категоријата „Е-трговец на годината“. Сите категории на натпреварот се достапни на овој линк.

    „Изборот на најдобрите во македонската е-трговија го организираме по трети пат токму со цел со да ја препознаеме и наградиме напорната работа на домашните е-трговци, да ја подигнеме свеста за е-трговијата и купувањето од проверени и регистрирани е-трговци во јавноста, како и да поттикнеме зголемување и унапредување на понудата во е-трговијата. Како и во претходните две години, така и оваа година се соочуваме со голем интерес за учество во изборот помеѓу најдобрите во македонската е-трговија и преку официјалната веб-страница на натпреварот веќе се имаат пријавено повеќе од 100 македонски е-трговци. По завршувањето на пријавувањето и објавувањето на номинираните е-трговци ќе следува гласање од јавноста, како и гласање од жири комисијата составена од внимателно одбрани стручни лица согласно утврдената методологија за гласање и прогласување на победниците, која е јавно објавена во рамки на Правилникот за наградите за е-трговија. Свечениот настан за доделување на наградите на најдобрите македонски е-трговци за 2023 година ќе се одржи на крајот од месец февруари 2024.” – велат од АЕТМ.

    Како да ја номинирате вашата е-продавница

    Компаниите кои се заинтересирани да бидат дел од изборот на најдобрите во македонската е-трговија за 2023 можат да се номинираат бесплатно со пополнување на формуларот достапен на официјалната веб-страница на натпреварот: www.ecommerceawards.mk.

    Процесот на номинација е едноставен, бесплатен и нуди неспоредлива можност за е-трговците да добијат признание, да ја покажат својата извонредна работа и да придонесат за развојот на просперитетниот сектор за е-трговија во Македонија.

    На минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа пријавени повеќе од 150 домашни е-трговци и беа собрани над  93.390 гласови од 6.584 гласачи од јавноста, а беа доделени вкупно 39 награди во 23 категории.

    Со фазата на номинација пред самиот крај, АЕТМ ги охрабруваат сите подобни е-трговци кои сè уште не се номинирале да ја искористат оваа можност и да се пријават најдоцна до 10ти јануари 23:59 часот преку официјалната веб-страница www.ecommerceawards.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично