ПОВЕЌЕ

    Нафтениот шок нема да заврши годинава

    Време зa читање: 2 минути

    Западните власти се загрижени дека нафтата Брент наскоро ќе достигне 150 долари за барел, од сегашните 120 долари, пишува Wall Street Journal. Некои аналитичари стравуваат дека ќе продолжи да расте, поттикната од дополнителната побарувачка поради пандемијата на корона вирусот и европските санкции кон Русија.

    Во пресрет на прогнозата на Меѓународната агенција за енергетика, трговските компании, нафтените компании и членките на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) имаат консензус дека во текот на 2023 година побарувачката за „црното злато“ ќе се зголеми меѓу еден милион и 2,5 милиони барели на нафта дневно.

    Во остатокот од тековната година побарувачката на нафта, според прогнозите на Меѓународната агенција за енергетика (ИАЕ), ќе се зголеми за 1,8 милиони барели дневно.

    Секое годишно зголемување на побарувачката над еден милион барели нафта дневно се смета за доста големо.

    Кога станува збор за снабдувањето, трговците со нафта очекуваат дека во најдобар случај Русија ќе го задржи сегашното ниво од околу 10 милиони барели дневно, што е пад од околу 10 отсто од почетокот на војната во Украина.

    Сепак, некои аналитичари сметаат дека понудата може да падне за уште еден милион барели или дури и за 1,5 милиони барели нафта дневно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично