ПОВЕЌЕ

    Над 10.000 вработувања со фонд од 40 милиони евра – младите се во фокусот на Владата

    Време зa читање: 2 минути

    Обезбедени се речиси 40 милиони евра за поддршка на вработувањето, со опфат на повеќе од 10.000 граѓани. Над 32 милиони евра директно се насочени кон мерки што ќе создадат нови можности за работа и економски развој, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

    Притоа се посочува дека со Оперативниот план за 2026 година, речиси 6.000 млади ќе бидат вклучени во активните мерки за вработување, а илјадници ќе добијат поддршка преку младински додаток, практикантства и обуки за стекнување нови вештини.

    Преку мерките за самовработување и поддршка за креирање нови работни места предвидена е стимулација за вработување во производните капацитети. За околу 3.500 млади лица до 23 години е обезбеден младински додаток од 3.000 денари.

    Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата, нагласувајќи дека намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места се врвен приоритет.

    Во таа насока потсетуваат дека со Оперативниот план за вработување во 2025 година биле опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 млади до 29 години, а се отвориле и близу 2.200 нови бизниси. А, средствата биле зголемени за 7,5 милиони евра во споредба со 2024 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично