ПОВЕЌЕ

    На што се должи зголемувањето на просечната нето плата во јули на 28.540 денари?!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Просечната нето-исплатена плата по вработен во земјава во текот на јули 2021 година изнесувала 28.540 денари и истата е за 4,8 отсто поголема во однос на истиот месец од минатата година, информира Државниот завод за статистика.

    Ваквото зголемување се должи првенствено на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (14,2 отсто) и Други услужни дејности (13,5 отсто).

    Во текот на јули 2021 година забележано е и намалување на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7,5 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,3 отсто) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,7 отсто).

    Инаку, статистичките податоци велат дека просечната месечна исплатена бруто-плата во јули 2021 година изнесувала 42.627 денари, што е за 4,9 отсто повеќе во однос на јули 2020 година.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично