ПОВЕЌЕ

    На Берзата три блока со акциите на Македонијатурист, Стопанска Битола и Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    За три блок-трансакции извести денес Македонска берза. Познати купувачи вложиле во пакети акции на „Македонијатурист“, Стопанска банка Битола и на Комерцијална банка.

    Според податоците, купени се 680 обични акции на „Македонијатурист“ АД Скопје, кои обезбедуваат 0,15 проценти од основната главнина. Нивната вредност е 6.460.000 денари (над 105 илјади евра), а пресметана е по единечната цена за акција од 9.500 денари. Номиналната, пак, е 25,56 евра.

    Во 7.206 акции на Стопанска Банка АД Битола се инвестирани 29.184.300 денари (474,5 илјади евра). Со тоа некој стекнал 1,84 отсто од вкупниот број издадени акции. Нивната номинална вредност е три илјади денари, во трансакцијата платени по 4.050 денари.

    По 19.200 денари во овој пакет се дадени за 315 обични акции на Комерцијална банка АД Скопје, а сѐ заедно – 6.048.000 денари (98,3 илјади евра). Тоа претставува 0,01 процент од почетниот капитал. Инаку, номиналната вредност на оваа акција е илјада денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично