ПОВЕЌЕ

    Мудиз ги минимизира изгледите на германскиот банкарски сектор

    Време зa читање: 2 минути
    Рејтинг агенцијата Мудиз ја намали проценката на идниот изглед на германскиот банкарски сектор од „стабилен“ на „негативен“.


    Како причини Агенцијата ги наведе лошата профитабилност и општата кредитна способност во услови на ниски каматни стапки.


    Во извештајот објавен пред два дена, Мудиз оцени дека веќе слабата профитабилност на германските банки дополнително ќе се намали во текот на следните 12 до 18 месеци како резултат на падот на нето приходите од камата, пренесува CNBC.

    Оваа мрачна прогноза доаѓа само еден ден откако Европската централна банка (ЕЦБ) предупреди дека падот на профитабилноста на една банка е една од најголемите закани за економскиот раст на Еврозоната.

    Мудиз истакна дека помалите банки во Германија коишто се финансираат од депозити, ќе бидат најтешко погодени бидејќи кредитите и хартиите од вредност кои доспеваат на наплата ќе се ревалоризираат по пониски стапки, додека каматните стапки на депозитите на домаќинствата во пракса се на или близу нула отсто.

    Банките во најголемата европска економија се борат да го подобрат јазот помеѓу приходите и високите трошоци, што достигна 80 проценти во 2018 година, а во извештајот на Мудиз се проценува дека тоа веројатно нема да се подобри на краток рок заради континуираниот притисок врз приходите.

    Пониските каматни стапки ја ограничуваат способноста на банката да генерира профит, со што ќе извршат притисок на маржите.

    Извор: B92

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично