ПОВЕЌЕ

    „Моментот на вистината“ за дигиталното евро пристигнува во април

    Време зa читање: 2 минути

    Европската централна банка ќе одлучи на пролет, најверојатно во април, дали да се продолжи со подготовките за лансирање на дигиталното евро. Тоа ќе биде комплексен проект што може да ги олесни плаќањата, но исто така да ги разниша темелите на финансискиот систем.

    Најавата на Фејсбук за проект за лансирање на сопствена дигитална валута летото 2019 година (првично наречена Libra, но сега Дием) беше повик за будење на централните банкари и владите ширум светот. Достигнувањето до 2,7 милијарди корисници со свој дигитален белег, врзано за суверени валути, регулаторот го сфати како закана. Некои централни банки, вклучително и Шведска и Кина, веќе работеа на дигитални верзии на сопствените валути.

    Но, многумина одлучија повеќе да ја истражат идејата – по објавата на Фејсбук – за да го заштитат својот монетарен суверенитет. ЕЦБ заклучи јавна расправа на 12 јануари на која привлекоа огромни повратни информации со повеќе од 8.000 одговори. Добивме рудник со информации што во моментов ги обработуваме, рече претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард на 21 јануари, објаснувајќи дека тоа ќе доведе до извештај што ќе биде јавно достапен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично