Во нетрговските трансфери минатата недела се забележани 4.162 акции на 14 котирани друштва. Активностите се реализирани во текот на три работни денови, повеќето – 2.792 во четвртокот.
Најбројни се подарените акции на Македонски Телеком. Вкупно 1.509, а сопственоста е трансферирана во три наврати: 507, 431 и на крајот 571 обична акција.
На двапати е правен пренос со акциите на три друштва. Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се регистрирани прво 77, а потоа 590 акции на Макстил АД Скопје; на Комерцијална банка 61 и 12; на Окта – 19 и 50 обични акции.
Во неделните податоци што се објавуваат на Македонска берза, редовни се преносите на акциите издадени од Либерти АД Скопје и АрцелорМиттал (ХРМ) АД Скопје. Овојпат се работи за 855, односно за 513 обични акции.
Сопственоста е сменета и кај 97 обични акции на прилепскиот Тутунски комбинат, кај 71 на Макпетрол, 28 на Уготур АД Скопје и кај две обични акции издадени од ТТК Банка.
Исто така, во минатонеделните трансфери се забележани и акциите на четири компании со префиксот рудници и железарница: 25 на РЖ Економика, 26 на РЖ Интер-Трансшпед, 10 на РЖ Техничка контрола и 217 обични акции издадени од РЖ Услуги.