ПОВЕЌЕ

    Милион евра промет за само еден ден остварен со акциите на Алкалоид

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од почетокот на пандемската 2020 година, заклучно со 30.12.2020 година, истргувани се вкупно 89.995 акции на Алкалоид АД Скопје. За истиот период, цената на акцијата забележува пораст за 10,98%.

    Вкупниот промет изразен во денари изнесувал 1.132.853,535 или 18.420.382,68 евра.

    Количински, најмногу акции се истргувани на 06.03.2020 година, или количина од 4.657 акции со просечна цена од 13.086,30 денари по акција, каде е реализиран промет од 60.941.502 денари или приближно 1 милион евра.

    Мината пандемска 2020 година, дури шеснаесет пати се истргувани акции во количина над 1.000 акции во еден ден.

    Консолидираниот извештај покажува дека Алкалоид во 2020 година остварил пораст на кумулативните приходи за 9,2%, во однос на 2019 година. Пораст е остварен како на домашниот така и на странските пазари со нешто над 9% поединечен пораст.

    Со остварената добивка од 2020 година Алкалоид го надмина прагот од 100 милиони ЕУР акумулирана добивка. На 31.12.2020 година износот по овој основ изнесува нешто над 106 милиони ЕУР.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично