ПОВЕЌЕ

    Еве во кој град живеат повеќе милијардери отколку во некои држави

    Време зa читање: 2 минути

    Според Wealth-X, градот со најмногу милијардери во светот и понатаму е Њујорк.

    Станува збор за податоци од документот „Попис на милијардерите во 2020 година“, кој беше соопштија оваа недела, и за кој се собрани податоците во текот на 2019 година.

    Во Њујорк живеат 113 милијардери, осум повеќе од една година порано, се наведува во извештајот. Самиот Њујорк има повеќе милијардери од повеќето земји (со исклучок на Кина и Германија, и секако САД како целина).

    На второ место по број на милијардери е Хонг Конг, со 96 милијардери, што е пораст за 9.

    Следат Сан Франциско, Москва, Лондон, Пекинг, Сингапур, Лос Анџелес, Шенжен, Мумбаи, Дубаи, Сао Паоло, Истанбул, Хангџоу, Токио.

    Овие 15 градови се дом на 29 проценти од сите милијардери во светот. САД и Кина имаат по три градови во топ 15.

    Потсетуваме, бројот на милијардери на глобално ниво минатата година се зголемил за 8,5 проценти на рекордни 2.825.

    Нивното комбинирано богатство се зголемило за 10,3 проценти на 9,4 трилиони долари.

    Според државите, најмногу милијардери живеат во САД, а ако се гледаат регионите, најмногу ги има во Европа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично