Швајцарската влада предложи зголемување на финансирањето на мерките за помош на компаниите кои се особено погодени од пандемијата од 369,86 милиони евра (400 милиони швајцарски франци) на 924,69 милиони евра франци.
Владата објави дека ќе покрие две третини од трошоците доколку парламентот го одобри зголемувањето на средствата, додека преостанатата сума ќе ја покријат регионалните влади, пренесува Танјуг.
Предлогот предвидува продолжување на шемата за краткорочни надоместоци, додека спортските клубови ќе добијат поддршка во форма на неповратни грантови.
Владата рече дека постојниот пакет ќе биде доволен за ублажување на економското влијание на пандемијата, која досега однесе 3.385 животи во Швајцарија и Лихтенштајн.
Швајцарските власти одлучија да не ја активираат повторно гаранцијата за заемот за итни случаи, како што беше случај во првиот бран на пандемијата, со оглед на моменталната епидемиолошка состојба во земјата.
Сепак, владата ќе побара одобрување за нова програма за заеми, ако ситуацијата драматично се влоши.