ПОВЕЌЕ

    АКЦИЈАТА НА НАЈГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА БАНКА НАЈТРГУВАНА, А ВО ТОП ПЕТ СЕ ПРИКЛУЧИ И ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ: Што се ни открива месечниот билтен на берза

    Време зa читање: 3 минути

    Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за август 2022. Она што може да се забележи е дека количински најтргувана акција е акцијата на Комерцијална банка, додека второто место му припадна на Македонски Телеком Скопје со 4.950 тргувани акции.

    Акцијата на Комерцијална банка осми месец по ред е најтргувана на македонскиот пазар на капитал, тоа го покажува и осмиот месечен статистички билтен на Берзата за оваа година.

    Просечната цена што ја достигнала акцијата на најголемата македонска банка е 11.803,86 денари, а биле истргувани 10.805 акции на таа банка. Со акциите на Комерцијална банка бил направен промет од 127.540.713 денари или 2.074.015 евра, а нејзиното учество во вкупниот берзански промет било 55,49 отсто.

    Втора најтргувана акција на официјалниот пазар на Берзата била акцијата на македонскиот фармацевтски гигант Алкалоид АД Скопје  каде количински се истргувани 2.873 акции по просечна цена од 16.975,10 денари. Вкупниот промет што во август бил достигнат со акциите на „Алкалоид“ изнесувал 793.067 евра или 48.769.475 денари, а неговото учество во вкупниот промет изнесувало 21,22 отсто, покажува билтенот на Берзата.

    Со скок од две места од јули месец, на третата позиција во најтргуваните акции во августовскиот билтен, се позиционира уште една банка од големата тројка на банки. Станува збор за НЛБ Банка АД Скопје, чија акција имала просечна цена од 25.719,24 денари, а вкупниот промет кој бил постигнат со оваа акција изнесува 11.547.937 денари или 187.788 евра, што претставува учество од 5,02 отсто во вкупниот промет.

    Акциите на текстилниот гигант под Шар Планина, Тетекс Тетово се најде на четвртото место, со истргувани 4.085 акции по просечна цена од 2.297,60 денари, каде што оваа компанија “исшила” промет од 9.385.700 денари или 152.625 евра а во прометот на берзата учествувала со 4,08 отсто.

    На петтата позиција на најтргувани акции на Македонска берза во август месец се најде и напшиот најголем нафтен дистрибутер „Макпетрол“ Скопје, чија акција имала просечна цена од 71.892,80 денари, а вкупниот промет кој бил постигнат со оваа акција изнесува 7.117.387 денари или 115.739 евра, што е учество од 3,10 отсто во вкупниот промет.

    Инаку, главниот берзански индекс МБИ10 се намалил за 1,97% отсто

    Кај брокерските куќи, идентичко како и минатиот месец, ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје успеа да се оддржи на првото место со остварен вкупен промет од 237.317.001 денари, додека Комерцијална банка АД Скопје  со промет од 116.097.124 денари се најде на второто место, а веднаш зад неа на третата позиција е брокерската куќа Еурохаус АД Скопје вкупен промет од 89.582.334 денари.

    Вкупниот промет на Македонскта берза за периодот 01.08 – 31.08.2022  е намален за 23,70 отсто во однос на претходниот месец и тој изнесува 328.505.177 денари.

    Класичното тргување изнесувало 255.992.957 денари и е зголемено во однос на јули за 24,83 отсто кога изнесувало 205.067.875 денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 231.053.661 денари и обврзници во вредност од 24.939.296 денари.

    Блок трансакциите во август изнесувале 72.512.220 денари и се намалени за 67,84 отсто во однос на јули.

    Бројот на трансакции во август изнесувал 1.066 и е зголемен за 17,14 отсто во однос на јули кога изнесувал 910.

    Месечниот статистички билтен за август 2022 година можете да го погледнете тука.

    ЧИТАЈТЕ: ТОП ПЕТ АКЦИИ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА СО НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ И ПАД НА ЦЕНАТА ВО АВГУСТ

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично