ПОВЕЌЕ

    МБА: На проблемот со картичките се работи, готовина да се повлекува од банкарските експозитури и филијали

    Време зa читање: 2 минути

    Повлекувањето пари од банкомат и плаќањето во трговијата се недостапни со картичките VISA и MasterCard. Од Македонскат банкарска асоцијација потврдија дека денес е присутен таков проблем.

    „Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше, дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

    Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали“, информираат од МБА.

    Исто така, во соопштението е наведено дека банките се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

    „По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација“, велат од МБА и изразуваат надеж дека сервисите набргу ќе се нормализирааат.

    Информацијата од МБА уследи откако граѓаните масовно почаа да реагираат дека веќе неколку часа не се можни плаќањата и подигнувањето готовина од банкоматите на банките. Проблемот е присутен низ целата држава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично